Орбан ја блокира помошта од ЕУ за Украина – Ако нема пари за Унгарија, нема ни за Украина

Будимпешта ја блокира европската помош од цели 18 милијарди долари за Украина, како одговор на тоа што ЕУ одби да ја финансира Унгарија со 13 милијарди евра од своите фондови, велат четворица функционери и дипломати за порталот Политико. На оваа тактика на Орбан изреагира германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, велејќи дека Будимпешта „игра покер“.

– Со финансиската поддршка од Европа ние спасуваме животи – рече Баербок на прес-конференцијата во Берлин што ја одржа заедно со нејзиниот шведски колега Тобијас Билстром.

За потсетување, Европската комисија во средата предложи пакет за поддршка од 18 милијарди евра за да ѝ помогне на Украина да ја одржи економијата и јавните услуги во текот на следната година и да ја обнови критичната инфраструктура уништена од руските ракети.