Орбан ја спореди Европската унија со Советскиот сојуз

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на собирот во Бундимпешта по повод 65-годишнината од унгарското востание во 1956 година против советските власти, го осуди односот на Европската унија кон Унгарија и Полска споредеудвајќи ја со некогашниот Советски сојуз.

„Европската унија ни зборува и се однесува кон нас и Полјаците како кон непријатели. На Брисел би било подобро да сфати дека нас ниту комунистите не успеаја да не надсилат. Ние сме Давид, а на Голијат би му било подобро да го избегнува“, порача Орбан пред десетици илјади поддржувачи на говорот по повод националниот празник и одбележувањето на противсоветското востание во крв задушено пред 65 години/

Орбан, притоа ја поддржа Варшава во нејзиниот судир со Брисел во врска со пресудата дека правото на ЕУ е надредено над полското право и правосуден систем и обвинувањата во врска со независноста на судовите.

Повеќе десетици илјади Унгарци излегоа на улиците на Будимпешта. Учесниците во маршот, од кои некои дојдоа и од Полска и носеа полски знамиња и транспаренти со натписите „Брисел = Диктатура“.

Педесети осумгодишниот Орбан, кој е на власт цела деценија, во април следната година ќе се соочи со 49-годишниот Петер Марки-Заи, која ја предводи опозицијата којашто се обедини под влијание на Западните земји. Станува збор за градоначалник на мало место кој себеси се опишува како конзервативец и ги предводи социјалистите и либералите на кои им се приклучи некогаш екстремно десната партија Јобик која се трансформирала во партија од десниот центар.

Аналитичарите кои главно застапуваат про-ЕУ ставови најавуваат „крајно тесна“ борба на изборите во април 2022 година, со која Орбан не се соочил откако во 2010 година дојде на власт. Меѓутоа, Мрарки-Заи исто така организираше собир во Будимпшта, каде што на власт е опозицијата, но собра само околу 5.000 луѓе пред кои изјави дека „на луѓето им беше доста во 1956 година и денеска им е доста“.

Орбан ги предупреди гласачите на опасноста од враќањето на левицита и истакна дека „постои само една левица, без оглед како таа се маскира“ и јавно ги изрази сомневањата во вмешаноста на Брисел и Вашингтон во унгарските избори.

„Кога ни беше потребна нивната помош, не дојдоа. Сега, кога ништо не баравме, тие се тука“, рече Орбан потсетувајќи на апелите од Унгарците до Западот да им помогне во 1956 година.

Орбан, исто така, на своите приврзаници им кажа дека Вашингтон и американскиот берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос преку финансирањето на опозицијата, медиуми и наводни невладини организации сакаат на изборите на победат „нивните луѓе“, давајќи им пари, медиуми и социјални мрежи.

„Но, не е важно што сакаат во Брисел, Вашингтон и во медиумите со коишто се управува однадвор. Унгарците ќе одлучат за својата судбина. Нашата сила е во нашето единство… ние веруваме во истите вредности: семејството, народот и силна и независна Унгарија“, рече Орбан.

Истовремено, Марки-Заи на собирот на опозицијата рече дека доколку биде избран, неговата влада ќе изработи нацрт за нов устав на земјата, ќе се пресмета со корупцијата, ќе го воведе еврото и ќе ја штити слободата на медиумите“.

„Режимот стана морално неодржлуив… залетот кој сега го имаме ќе нѐ одведе на изборите во април 2022-ра“, рече.