Орбан бара нова ЕК која ќе ја запре имиграцијата

На Европската унија ѝ се потребни нова Европска комисија (ЕК) и нов парламент коишто ќе се залагаат за заштита на границите и запирање на имиграциите, изјави во вторникот унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со италијанскиот министер за внатрешни работи и челник на десната евроскептична и антидоселеничка партија Лига, Матео Салвини, во Милано.

И Орбан и неговиот домаќин Салвини важат за приврзаници на црвстата политика кон илегалните имигранти и баратели на азил кои доаѓаат во Европа до другите континенти, а во вторникот пред новинарте изјавија дека е неопходно да се бранат границите на Европа од нелегалната и неконтролирана миграција.

Орбан, чијашто влада прва со физички огради на границите ја заштити својата земја од неконтролираното влегување на имигрантите од Блискиот исток и од Азија, го пофали Салвини како прв висок функционер во медитеранските земи кој докажал дека „миграцијата може да биде запрена и на море“.

Италијанскиот вицепремиер го нарече свој „херој“, вперувајќи го прстот и во главниот непријател – францускиот претседател Емануел Макрон. Еврпа постојат два табора „а едено од нив го води Макрон“, рече Орбан. „Европската безбедност зависи од успехот на Салвини“, изјави Орбан на заедничката прес-конференција, додавајќи дека италијанскиот министер за внатршни работи „не смее да отстапи“.

Двајцата политичари се согласија дека треба да се заштитат границите од имигрантите. „Нашата мисија е да се помогне онаму каде што постојат проблеми, особено во Африка, а не да се внесуват проблемите кон себе“, појасни Орбан.

Унгарија, додаде, ќе ѝ ја пружи на Италија сета помош во заштитата на границите. Потсети дека Германија, Франција и Шпанија се залагаат за „подобро управување со миграцијата“, додека земјите од Вишеградската група (централноевропските земји членки на ЕУ – Унгарија, Полска, Словачка и Чешка – з.р.) сакаат потполно да ја запрат нелегалната имиграција.

Салвини, пак, повтори дека Франција би требала да покаже поголема „солидарност и сензибилитет“ по прашањато на миграциите и да ја прекине политиката на враќање на имигрантте кои на гранчниот премин Вентимиља се обидуваат да влезат на француска територија, а истовремено да бара Италија и натаму како изминатите години да ги прима бродовите со стотиците имигранти.

Преговорите со Германија траат веќе со седмици, рече Салвини, а договорот за прифаќањето на имигрантите кои преку Италија стасуваат на германската граница е „на дофат“. Според него, Италија има волја назад да преземе онолку имигранти колку другите земји ќе преземат од Италија.