Орбан: Бегалците се бизнис за Сорос, мултикултурализмот е мртов

203

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, смета дека „илузијата за масовната интеграција“ воопшто не функционира во пракса и дека мигрантите треба да бидат исфрлени до Европа, при тоа обвинувајќи го американскиот милијардер Џорџ Сорос дека со бегалците си прави „добар бизнис“.

Орбан вели дека дека мултикултурализмот во Европа пропадна, и сега Европската унија се обидува тоа да го наплати од земјите членки, меѓу кои е и Унгарија. Според него, ЕУ се обидува да ги распредели мигрантите, на кои неоправдано им е допуштен влез во западна Европа и тоа во земји кои одбиле да ги примат на своја територија. Предлогот на Унгарија за ова е сите мигранти наместо да се населуваат, целосно да бидат исфрлени од Европа.

Премиерот на Унгарија се осврна и на Сорос, за кого вели дека користи „предаторски невладини организации“, за да си воспостави „транснационално царство“. За Орбан бегалците и миграциите се „добар бизнис“ на Сорос.

Причината зошто тој е толку лут на Унгарија и на мене лично е бидејќи му го стоиме на патот на неговиот голем план и голем бизнис, рекол Орбан на собир во Будимпешта, на неговата владејачка во Унгарија партија „Фидеш“, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.

Орбан потенцира дека на ниту една нација неможе да и’ се нареди со кого мора да живее во својата сопствена земја. Тој тоа го смета за суверена одлука, која секоја земја мора сама да ја донесе.

Покрај миграцијата, ЕУ на тест го става и правецот по кој ќе се движи, оти како премиер на Унгарија, вели тој, прашањето е дали ЕУ оди кон „Европа на Брисел или Европа на државите членки“.

За Орбан, тоа прашање е од историско значење.

Еврореалистите сакаат да изградат ЕУ на цврсти и силни темели, не на песок, истакнал унгарскиот премиер, и дополнил дека „реалност на Европа се нациите“, единствена таква политичка основа која денеска постои.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.