Орбан: Европа „ќе падне“ без унгарските граници

Орбан, за весникот „Локал“ истакна дека со минатогодишната примената на строги мерки за заштита на границите, Будимпешта не „измислила топла вода“, туку дека едноставно „го направила она што го прават во  деловите во светот каде размислуваат свесно – од САД до Израел“, – ја заштитила Унгарија, а со тоа и границите на ЕУ.

Зборувајќи за референдумот на 2 октомври, каде ќе се гласа за квотите на мигранти кои ќе се распределуваат во Унијата, Орбан нагласи дека таму ќе се гласа за иднината на Унгарија и Европа.

Унгарија, како што наведе тој, е се уште посветена на заедничката европска иднина, но на ЕУ и е потребна промена на политиката со цел да можеме да „ја зачуваме Европа која сите ја сакаме и ја сметаме за дом и за која веќе толку многу жртвувавме“.

Орбан смета дека крајно е проблематично тоа што членките на ЕУ не можат да се договорат за појдовната точка на управувањето со миграциската криза.

Унгарскиот премиер објасни дека мигрантите кои илегално влегле во Европа треба да бидат преселени надвор од територијата на ЕУ, но додаде дека „многу членки не се доволно „храбри“ да го направат тоа“.

Тој посочи дека одредени земји мислат дека е подобро само да ја „прифатат“ илегалната миграција, бидејќи Европа во минатото успеала да надмине се.

– Но овој пат е поинаку. Или ќе го сочуваме нашиот дом и Европа или ќе ги изгубиме, заклучи Орбан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.