Орбан: Европските лидери немаат мандат да пуштаат имигранти со никаква контрола

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика синоќа европските лидери да ја изменат миграциската политика и да ги вклучат избирачите во дебата за иднината на континетот, во спротивно ќе се соочат со политичка криза и закана за демократскиот поредок.

Орбан, кој денеска ќе се обрати на Конгресот на Европската народна партија во Мадрид, изјави за државниот ТВ канал М1 дека европските лидери немаат мандат да пуштаат стотици илјади имигранти да влегуваат во Европската унија со мошне мала или никаква контрола.

– Поставувањето на оградата од страна на Унгарија на нејзината јужна граница има за цел да не ги пушти имигрантите во Европа, а не да ги насочува кон друга маршрута кон Германија, нагласи тој.

Орбан додаде дека ги повикал балканскитге соседи на Унгарија да помогнат во пресекувањето на мигрантскиот прилив.