Орбан ги обвини Брисел и Вашингтон за мешање во унгарските избори во 2022-ра

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој следата 2022 година ќе оди по нов мандат на парламентарните избори, ги обвини Брисел и Вашингтон дека се мешаат во унгарската политика и ги повика своите приврзаници да ги одбранат достигнувањата кои изминатата деценија ги постигна неговата конзервативна и суверенистичка партија.

Откако првпат дојде на власт во 2010 година, Орбан со отвореното лобирање од западните земји на парламентарните избори ќе се соочи со обединетата опозиција составена од социјалистите, либералите и Јобик порано партија од крајната десница а сеега од десниот центар, кои досега не можеа сериозно да го загрозат.

Шестчлената коалициатга ја води Петер Марки-Заи, 49-годишник кој се претставува како католични конзервативец, татко на седум деца и градоначалник на мал град кој ги отсликува сите вредности кои изминатата деценија ги промовираше вредностите владата на Орбан.

Премиерот Виктор Орбан пред десетици илјади свои преврзаници во унгарската престолнина Будимпешта изјави дека Вашингтон и берзанскиот шпекулант милијардер Џорџ Сорос, кој преку своите фондации финансира стотици невладините организации и медиуми кои ги промовираат неолибералните вредности, дека сакаат на изборите да ппобедат „нивните луѓе“ и притоа им даваат пари и им ги отстапуваат контролите врз медиумите и социјалните мрежи.

„Но не е важно што сакаат во Брисел, Вашингтон и во медиумите со коишто се управува однадвор. Унгарците ќе решат за својата судбина. Нашата сила е во нашето единство… ние веруваме во истите вредности: семејството, народот и силната и независна Унгарија“, изјави Орбан пред мноштвото во саботата на одбележувањето на 65-годишнината од унгарското востание од 1956 година против тогашната советска власт.

Истовремено на далеку помал собир на опизицијата, Марки-Заи реле дека доколку биде избран неговата валда ќе изработи нацрт за нови устав на земјата, ќе се пресмета со корупцијата, ќе го воведе еврото и ќе ја штити слободата на медиумите.

„Режимот стана морално неодржлив… залетот кој сега го имаме ќе нѐ однесе на изборите во април 2022-ра“, рече Марки-Заи обраќајќи се со речник вообичаен за политичарите кои истапуваат од неолибералните позиции на политичката сцена.