Орбан го брани азилот за Груевски и обвинува за политички игри и во македонското правосудство

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот ја бранеше одлуката на Унгарија на поранешниот македонскиот премиер Никола Груевски, кој е осуден во случајот „Тенк“ за набавка на блиндираниот „мерцедес“ на две години затвор, да му пружи политички изаил и го обвинува македонското правосудство за учество во политички игри.

Груевски се појави во Унгарија минатата седмица, откако се очекуваше да се пријави на издржување на двегодишната казна затвор поради набавката на блиндираниот „мерцедс 600“ при што не остварил материјална полза, а каков што, како што деновиве се покажа набавувале на ист начин и други државници од регионот. Откако преку Албанија, Црна Гора и Србија, Груевски доби можност лично во Будимпешта да го поднесе барањето за азил, во вторникот тоа му беше одобрено.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан цвели дека тој и Груевски застанале раме до раме за да ги запрат масовните миграции преку Балканот, поради што Македонија и Груевски лично станале негови сојузници.

„Го познавам овој човек, долго ми беше колега… Ќе беше многу потешко, ако не и невозможно, да се брани унгарската граница без него… Кон сојузниците се однесува праведно. Доколку ни се обрати може да очекува праведен процес. Не можеме да го ставиме над законот, но можеме да му пружиме праведен процес“, вели Орбан во разговорот за радио станицата mr1, пренесува агенцијата Reuters.

Судот на 9-ти ноември го одби барањето на Груевски за одложување на издржувањето на казната, а македонската полиција распиша налог за апсење, иако самиот тој веќе објави дека се наоѓа во Будимпешта.

Орбан смета дека севкупниот процес кој се води против Груевски во Македонија е политички обоен, но дека тоа не би требало да влијае врз унгарските власти.

„Во Македонија се одигруваат комплексни политички борби и игри, а правосудниот систем е дел од тоа… Македонските постапки немаат влијание врз нас. Нас не’ интересира само дали барањето за азил е правно валидно“, велу унгарскиот премиер.

Орбан ги отфрла критиките кои дојдоа од некои меѓународни претставници, главно протагонисти на левичарските опции, и за него тоа е дејствување на организии и луѓе поврзани со американскиот берзански шпекулант од унгарско-еврејско потекло Џорџ Сорос, кој се’ уште нема одговорено на обвинувањата од унгарскиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.