Орбан: Гревот на Трочани е што ја штитеше својата земја од мигрантите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и натаму смета дека Ласло Трочани е најдобар кандидат за европски комесар за проширување. Откако вчера Комитетот за правни работи на ЕП ја отфрли кандидатурата на Трочани поради конфликт на интереси, Орбан, кој го предложи за функцијата, рече дека во неговиот џеб има “неколку решенија“.

Уверен сум дека Трочани е најдобар кандидат за член на ЕК. Неговиот грев е тоа што ѝ помогна на владата и мене, да ја заштитиме Унгарија од мигрантите – изјавил Орбан за локално радио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.