Орбан и Вучиќ го одбележаа железничкото поврзување на двата погранични региона

148

Со симболичното стегнување на завртките на новите шини во присуство на неколку илјади граѓани од двете страни на границата, премерот на Унгарија, Виктор Орбан, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во понеделникот го одбележаа почетокот на работите на обновувањето на железничкот правец меѓу Суботица на северот на српската покраина Војводина и јужниот унгарски град Сегедин.

По градењето на овој важен патен правец овие два погранични региона, како што истакнале Орбан и Вучиќ, ќе станат развоен јазол за туризмот, трговијата и зближување на унгарската и српската култура и народи.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан притоа повторил дека Србија одаман требало да стане членка на Евроспката унија.

„Сите добро знаеме дека Србија е портата на Балканот и клучната земја за безбедноста на Европа. Вистина е и дека знаеме дека Србија веќе со години е подготвена за влегување во ЕУ“, рекол Орбан на свеченоста кај местото Хоргош, близу српско-унгарската граница.

Зборувајќи за пругата којашто ќе ги спојува двата големи града во соседните држави, Орбан, исто така, истакнал дека таа претставува „симбол на соработката и заедничкиот напредок на Унгарија и Србија, Унгарците и Србите кои градат заедничка иднина“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакнал дека обвновениот железнички правец ќе ги зајакне економските, културните и пријателски врски меѓи Србија и Унгарија, како и меѓу Србите и Унгарците, пренесува агецијата Танјуг.

„Граѓаните и стопанството ќе имаат дриректе пристап до пристаништето Баја на Дунав и пристаништето Сегед на Риса, како и до логистичките центри во Војводина и Белград. Пругата Суботица – Хрогош ќе биде приклучена на брзата пруга Белград – Будимпешта, со што корисниците добиваат пристап до југоистокот и северозападот на Европа“, навел Вучиќ.

Идејниот проект за реконструкција на пругата во должина од 27 километри го финансираше ЕУ во рамките на ИПА програмта Унгарија – Србија, додека Србија издвои 86,7 милиони евра преку кредит од OTP банката и од буџетот. Завршувањето на работите на пругата, на којашо возовите би можеле да достигнуваат брзина од 120 километри на час, се очекува кон поливината на ноември 2022 година.

Пругата е изграден во далечната 1885 година, како дел од тогаш значајната железничка магистрала Баја – Суботица – Сегед, Сообраќајот по неа беше целосно запрен во 2015 година кога со неа се користеа мигрантите за масовно влегување во Унгарија. Као и по должината на целото погранични подрачје, Унгарија тогаш преку шините постави ограда и бодликава жица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.