Орбан има неколку решенија за одбивањето на Трочањи за ЕК

Унгарскиот премиер Виктор Орбан има неколку решенија „во ракавот“ откако е одбиен неговиот кандидат за составот на Европската комисија, Ласло Трочањи, иако и натаму смета дека тој е најдобриот кандидат, пренесува во петокот Reuters повикувајќи се на прилог на унгарското државно радио.

Кандидатката за ресорот транспорт во ЕК, романската социјалистичка политичарка Рована Плумб, и предложениот кандидат за комесар за проширување, поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи, не го минаа сослушувањето на комесарите поради наводна „недоследност“ во нивните даночни пријави.

„Убеден сум дека Трочањи е најпогодниот кандидат за член на Европската комисија. Но неговиот грев е што ѝ помогнал на својата влада и мене (…) да ја заштитат Унгарија од миграцијата“, изјавил Орбан.

Унгарскиот премиер рекол и дека разговарал со идната челничка на ЕК, Урсула фон дер Лејен, како и дека ќе го почека писменото објаснување од Брисел пред да ги преземе следните чекори.