Орбан ја повлече поддршката за Вебер

Унгарската владејачка партија Фидес повеќе не го поддржува кандидатот на конзервативците Манфред Вебер за иден претседател на Европската комисија, изјави во понеделникот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Унгарскиот премиер го избира унгарскиот народ… Вебер рече дека не сака да биде претседател на Комисијата со гласовите на Убгарците“, истакна Виктор Орбан ја прес-конференциајта со австрискиот заменик канцелар Хајнц-Кристијан Страхе.

Унгарскиот претседател додаде дека овој потег на ја исклучува секоја натамошна поддршка за Вебер, таканаречен „шпоцен кандидат“ на европските конзервативци за челното место во Европската комисија.

Орбан оцени дека изјавуте на Вебер се навреда за Унгарците, но не сугерираше на кој друг кандидат Фидес би можело да му даде поддршка.

Европската унија сѐ уште се придржува до германскиот модел на избори на челниците лица на главните институции, и покрај многуте противења во рамките на главните пратенички групи во Европскиот парламент.

„Гладајќи ја кампањата на водечките кандидати, тие ме убедија дека ниеден од нив не е подготвен за работата на челник на Космисијата“, оцени Орбан.