Орбан му ја честиташе победата на Бајден

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска му ја честиташе победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.

„Дозволете да Ви честитам на успехот во претседателската кампања. Ви посакувам добро здравје и продолжување на успехот во исполнувањето на Вашите обврски“,се наведува во честитката на Орбан кој во септември ја поддржа кандидатурата на Доналд Трамп.