Орбан очекува брзо економско закрепнување по ублажувањето на мерките за изолација

Унгарија на почетокот од мај ќе започне со ублажување на мерките за изолација и социјално дистанцирање воведени со цел да се спречи ширењето на новиот тип коронавирус, објави во петокот премиерот Виктор Обран, изразувајќи очекувања за брзо закрепнување на економијата од последиците на пандемијата.

„Не спаѓам во категоријата најоптимистични луѓе, но не сум ни пеsимист. Очекувам брзо закрепнување“, рече Орбан.

Мерките за карантин резултираа, како и секаде во светот, со губење на десетици илјади работни места, а Орбан враќањето на луѓето на работа си го постави како главен приоритет.

Неговата влада, како што истакна, ќе се концентрира на спасувањето на постојните и создавањето нови работни местa. Стапката на невработеност во јануари годинава во Унагрија изнесувала 3,4 отсто, според Eurostat.

„Од почетокот на мај мерките постепено ќе бидат ублажувани за да може економијата што поскоро да се врати во нормалата, а ограничувањата и натаму ќе важат за постарите и хронично болните лица, како и за оние кои живеат во големите градови и се соочени со поголем ризик од заразата“, рече Орбан.

Според него, Унгарија ќе го следи примерот на соседна Австрија и постепено ќе ги отвора училиштата и компаниите, а во догледна иднина дури и локалите.

Унгарија презема мерки за справување со најлошото можно сценарио, и набави доволни количества медиицнска опрема и ослободи илјадници болнички кревети, а Орбан денеска порача дека веќе нема сценарија кои не можат да се пребродат.

„Сѐ уште не е минато сѐ, но е подготвивме за најлошото и сега можеме да експериментираме во стварниот живот (…) мораме паметно да се организираме“, порача Орбан.

Институтот GKI објави дека по губењето на 60.000 работни места во март, во април работата ја загубиле уште 100.000 луѓе, што е значителен удар за земјата со 10 милиони жители. Унгарија со години имаше рекордно ниска стапка на невработеност меѓу земјите членки на Европската унија, а економијата имаше рапиден раст и бележеше процентуален најголем подем меѓу економиите во заедницата.

Министерот за финансии Михали Варга претходно изјави дека очекува бруто домашниот производ (БДП) годинава ќе се намали за околу 3 отсто, откако изминатие години бележе вредности од над 5 процентен рас. Унгарската централна банка, пак, соопшти дека гледа можност за позитивен раст дури и во 2020 година, од која првите четири месеци минуваат во големи осцилации во глобалната економија.

Орбан предупредувајќи на тешките последици по економијата од епидемијата, трече дека би бил среќен во моментов со економски раст околу нулата. Надоместоците за невработените траат три месеца, а Орбан е надева дека економијата, кога овој рок ќе истече, ќе се врати на претходното ниво.