
Пред две недели владата ги укина некои од ограничувањата надвор од Будимпешта.
-Стана јасно дека и ние успеавме да ја сузбиеме епидемијата во Будимпешта. Со тоа можеме и претпазливо да прејдеме во втора фаза на намалување на мерките во Будимпешта и на тој начин да ја укинеме блокадата, рекол Орбан во видео на својот службен Фејсбук профил.
Пред две недели владата укина некои огранилчувања надвор од Будимпешта и на нејзината периферија, овозможувајќи продавниците и рестораните повторно да отворат без временски ограничувања.
Базените на отворено исто така ќе започнат со работа, но носењето на маска за лице останува обавезно во продавниците и во јавниот превоз, пренесе „Ројтерс“.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.