Орбан порача дека Европа мора да ја брани својата христијанска култура

Оваа година пред европските земји е историската задача да ја одбранат христијанската култура, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговорот за весникот Magyar Idok, објавен во саботата.

Унгарците ги имаат сите права себеси да се гледаат како христијанска нација, вели премиерот Виктор Орбан, и додава дека „фактот дека сме христијани и нашата жива вера нѐ одржале во центарот на Европа повеќе од илјада години“, пренесува унгарската новинска агенција MTI.

„Многумина се обидуваат да нѐ критикуваат кога ќе слушнат дека луѓето кои се изјаснуваат како христијани не ги пуштаат луѓето од ругите краеви на светот да имигрираат во Европа, но Христовата заповед ‘сакај го ближниот како себеси’ и значи да се обврзе и да се чува сѐ што сме“, тврди Орбан.

Европејците ја сметаат христијанската култура за извор на нивната гордост и сила, а христијанската култура ги дефинира нивните секојдневни вредности, вели Орбан.

„Таа го дефинира нашето гледање на природата на правдата и неправдата, односите меѓу мажот и жените, семејствата, работата и честа“, продолжува унгарскиот премиер.

Без оглед на тоа дали одиме во црква „не сакаме да ораме да го славиме Божик зад навлечени завеси, за да не повредиме нечии чувства“, вели натаму Орбан.

„Не сакаме Божикните саеми да се преименуваат, и сигурно не сакаме да ги ставаме зад бетонски препреки. Не сакаме на нашите деца да им ја ускратиме радоста на Свети Никола и традицијата на дарување“, вели Орбан во интервјуто за Magyar Idok.

„Нашиот начин на живеење, нашиот основен поглед на светот доаѓа под намерен напад. Европскиот имуносистем намерно е ослабен. Сакаат да бидеме она што не сме. Сакаат да ни го одземат нашиот начин на живот и да го заменат со нешто што не е наш начин на живеење“, предупредува унгарскиот премиер.

Орбан вели дека сѐ почесто може да се слушне дека втемелувачите на Европската унија го „зацртале патот“ пред 60 години, и притоа го цитира поранешниот француски министер за надворешни работи и премие Робер Шуман дека „Европа треба да биде христијанска или не треба повеќе да постои“.

„Во 2017 година пред европските е ставена историската задача. Слободните европски нации, националните влади избрани од нивните слободни граѓани имаат нова задача: тие мора да ја бранат христијанската култура“, вели Орбан.

„Нашиот појдовен став секогаш беше дека имаме право да живееме со нашиот начин на живот. Кога имавме сили го браневме тоа право. Затоа со години работиме на тоа Унгарија да ја направиме посилна и повторно да ја поставиме на нејзините сопствени нозе“, додава Орбан.

Заклучува дека додека е на власт неговата влада ќе работи да ја одржи Унгарија христијанска и унгарска, како и дека ќе стори сѐ што е возможно да ја одржи Европа европска.