Орбан предупредува: Поблиску сме од кога и да е до светска војна

Светот е поблиску од кога и да е претходните децении кон тоа еден локален судир да стане светска војна, предупреди во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Челниците на западниот свет се „зафатени од воената треска, држат говори во кои повикуваат на победа во војната и натамошни жртви, и ѝ испраќаат на Украина сѐ поопасно оружје“, рече Орбан во интервјуто за украинското јавно радио.

„Наместо едногласно да го поттикнува мирот, светот е поделен“, истакнува Орбан. „Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаа прекин на огнот“, посочи унгарскиот премиер.

Истовремено, Унгарија „во основа е единствената“ европска земја којашто е за мир, покрај Ватикан. Државите кои се за војна мотивирани се од „деловни шпекулации, преиспитување на одбранбените и економски политики и калкулации за повоените предности“, наспроти доследноста на начелата и верата, истакнува Орбан.

Во меѓувреме, Унгарија мора да има силна војска и истовремено да се залага за мир, рече во продолжението Орбан. Според него, земјата може да се брани доколку нејзините граѓани ја сакаат својата татковина и се подготвени да ја бранат во неволја.

„Тоа што сме за мир, не значи дека мораме да бидеме беспомошни. Унгарскиот аргумент за мирот не доаѓа од слабости“, истакнува унгарскиот премиер.

Левичарските партии се за војната и „сѐ додека се финансираат од странство““, се очекува дека тоа така и ќе остане, смета Орбан.

„Војната, исто така, претставува алатка за реструктиурање на моќта во Европа“, додаде Орбан.

Во минатото САД не се мешаа директно во обликувањето на европската политика, но тоа се промени со војната во Украина и САД сега ја предводат „провоената коалиција“ зад Украина, рече Орбан.

„Американските стојат зад јуначката борба на Украинците што не ја намалува вредноста на јунаштвото на Украинците, но вистина е дека Украина може да продолжи да се бори само додека САД велат ‘да’. Кога САД ќе кажат ‘не’, ќе дојде до прекин на огнот“, вели унгарскиот премиер.

Републиканецот Доналд Трамп, кој најавува да се кандидира повторно за американски претседател сака прекин на огнот, па исходот од американските избори во 2024 година ќе има директно влијание врз тоа дали војната ќе продолжи или ќе дојде до прекин на огнот и мировни преговори, заклучи Орбан.