Орбан: Санкциите предизвикуваат економски проблеми, енергетска криза и инфлација

Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара укинување на санкциите на ЕУ воведени против Русија поради нејзината војна против Украина, најдоцна до крајот на годината, пренесе ДПА.

Според провладиниот весник „Маѓар Немзет“, тој изјавил дека казнените мерки насочени кон Москва биле „наметнати на Европејците од бриселските бирократи“.

Во говор на состанок на пратеничката група на владејачката партија Фидес во одморалиштето Балатоналмади на езерото Балатон Орбан рече дека „санкциите предизвикуваат економски проблеми, енергетска криза и инфлација“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.