Орбан: Сорос сака тајно да влијае на унгарската политика

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека групите кои ги поддржува финансиерот Џорџ Сорос и неговата империја сакаат тајно да влијаат на унгарската политика.

Орбан во говорот за состојбата на нацијата истакнал дека Соросовите организации работат на тоа да донесат стотина илјади мигранти во Европа спротивно на желбите на Унгарците и нивната влада, пренесува АП.

Тој додал дека групите кои делумно ги финансира Сорос треба да бидат транспарентни и препознатливи. Орбан не ги именува, но владини официјални лица претходно ги споменува „Транспаренси интернешнл“ и групите за човекови права како Хелсиншкиот кометет и унгарската Унија на граѓански слободи, наведува АП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.