Ѓорческа запрена во четвртфиналето на турнирот во Астана

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да избори место во полуфиналето на силниот фјучерс што се игра во Астана, Казахстан.

Ѓорческа за противник ја имаше Анастасија Тихонова која покажа повеќе на теренот број еден и со 2-0 во сетови се пласираше во наредната фаза.

Првиот сет и припадна на Русинката со 6-3, а во вториот имаше поголема борба, борба која траеше 48 минути и која заврши со 7-5.

Со ова Тихонова закажа меч со сонародничката Дарија Астахова. Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 американски долари.