Ѓорчев: Добро е што носиме закон за здруженија, бидејќи отворањето на бугарските здруженија се навреда за државата и нацијата

„Според мене ова не е политичко прашање, ова е Уставно прашање, тука се напаѓа Уставот на Република Македонија, бидејќи во уставот точно стои што е спротивно на уставот и кои се правата на државата. Тука се удира директно и намерно од страна на македонски граѓани со бугарска самосвест кои формираат здруженија“, рече поранешниот амбасадор во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Ѓорчев посочи дека тоа е една провокација од бугарска страна и македонската држава треба да одговори соодветно, да стави еднаш крај на тие работи. Тој додаде дека добро е што носиме закон за здруженија и битно е Република Македонија да и покаже на Република Бугарија дека до тука беше со црвената линија и дека од тука натаму не може повеќе.

„Македонската држава е на страната на антифашистичката борба и не може да не знае Централниот регистар да знае дека Цар Борис Трети бил цар во нивната бугарска историја на монархо-фашистичка Бугарија“, изјави Ѓорчев.

Тој потенцираше дека премногу е и граѓаните кажаа дека е премногу. Тоа е навреда за државата, нацијата и за она што претставува наша заедничка европска иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.