Ѓорчев: Доктрината значи обединување на еден концепт и визија за идната политичка акција на ВМРО-ДПМНЕ во третата деценија на 21-от век

Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор и еден од креаторите на доктрината на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител, за доктрината која вчера се презентираше на 17тиот Конгрес на партијата, вели дека на оваа Доктрина претставува обединување на еден концепт на идеи и размислувања и една визија за идната политичка акција на ВМРО-ДПМНЕ во третата деценија на 21виот век.

Најпрво изготвувањето на оваа Доктрина беше на колективно тело кое работеше подолг период и таа претставува еден обид да се обединат сите концепти, идеи, размислувања за како една визија за идната политичка акција на ВМРО-ДПМНЕ во третата деценија на 21виот век. Три компоненти на Доктрината се многу важни, првиот точно е дека таа се обраќа кон сите луѓе на Република Македонија, во делот на новото мото Заеднички патриотизам на сите луѓе, што овозможува сите луѓе, сите граѓани, групи, заедници да бидат вклучени во работењето на ВМРО-ДПМНЕ со претпоставка да се најдат себе си во тој наш заеднички концепт како осмислување на нивниот личен, семеен, колективен идентитет, и во она што претставува наша заложба за силна развиена Република Македонија, рече тој.

Со оглед на тоа што на последните изборни циклуси ВМРО Народна Партија не поминува со некој поголем успех кај македонското граѓанство, јас лично очекувам како природен пат и како понуда на оваа доктрина која што ја изготвивме и како плод на досегашната активност на претседателот на партијата Христијан Мицкоски може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ конечно да биде обединета и да ги застапува интересите на една народна, демократска, масовна партија која што ќе значи многу за сите македонски граѓани кои што веруваат во тој концепт, додаде Ѓорчев.

Ѓорчев потенцираше дека концептот на генерација значи нови проекти, нови победи но секако и нови луѓе кои имаат желба да работат за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.
Па сигурно нели нова генерација нов почеток, нови проекти, нови победи подразбира и вклучување на се поголем број на луѓе кои што имаат желба, кои што сакаат да работат и за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија од сите генерации. Но, јас лично тука сум за да помогнам со моето искуство, толку колку што јас можам со оглед на мојата возраст и во тој контекст го гледам моето учество во некоја советодавна димензија и помош, додаде Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.