Ѓорчев: Гоце Делчев е македонски револуционер, наш симбол, наша вредност и сето ова мора да си го задржиме

Марјан Ѓорчев во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ говореше за Гоце Делчев и истакна дека нашата македонска историја покажува дека тој е македонски револуционер, македонски симбол и македонска вредност и сето ова мора да си го задржиме.

– Делчев е роден во отоманска провинција Македонија, се борел за автономија на Македонија, умира во Македонија и неговиот завет е дека сака да биде закопан во Македонија. Тоа е нашата содржина. Нашата македонска историја кажува дека тој е македонски револуционер и тој е нашиот симбол, нашата икона, нашата вредност. Гоце Делчев е македонски но и балкански херој во смисла на ослободување на овие простори од еден ретрограден империјален систем. Сето ова можеме да си го задржиме и да го направиме со една мудра македонска политика за да го зачуваме нашиот вредносен систем, а од друга страна би им докажале на соседите дека нашата македонска култура која датира од многу одамна е многу битка култура – истакна тој во своето гостување.

Ѓорчев кажа дека за да се спроведе пописот тој треба да биде усогласен според европските стандарди.

– Пописот треба да каже одговор за тоа каде утре Македонија ќе се најде како демографска структура, како број на население, како работно способна сила за потребите на економијата. Сето ова бара еден добар закон и тоа би било најдобро кога тој би бил усогласен со Евростат, со европските стандарди. Јас сметам дека овој закон не е усогласен затоа што таму се знае како е во Евростат треба да имате попис на жителите кои што живеат во македонската држава и евентуално тие кои се една година во странство и трето нема некој да докажува ако јас не сум тука, а мојата сопруга е тука и да каже тој е Македонец, само јас можам да кажам дали сум Македонец, а не мојата сопруга. Такво нешто не постои ви европската практика и со самото тоа се наметнува прашањето колку тој попис ќе биде кредибилен, со човек кој најмногу го познава тој кој отуствува во државата, потоа не кажува ограничување колку години треба да е отсутен во државата. Јас сметам дека идеологијата е проблем – истакна тој.

Ѓорчев посочи дека пописот не треба да се прави во ваква ситуација кога имаме ковид-19.

– Пописот е важен за државата тогаш дајте да не го правиме пописот во оваа ситуација на ковид-19. Ако толку години сме чекале, ако вчера имавме 16 смртни случаи сега ние треба да правиме во време на коронавирус да правиме попис, а во овој случај и немаме доволно вакцини обезбедено за граѓаните – додаде Ѓорчев.