Ѓорчев: Изборниот процес е компромитиран, СДСМ е „главен дистрибутер“ на хуманитарната помош, тоа е изборен поткуп

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, во неговото гостување во „Емисијата 200“ која се емитува на Алсат- М зборувајќи за тоа какви изборна кампања очекува рече дека целиот изборен процес е компромитиран, имајќи во предвид дека СДСМ е главниот „дистрибутер“ на хуманитарната помош во државата и тоа е директен изборен поткуп.

-Изборниот процес не е ни почнат, но мислам дека и тоа како е компромитиран. Имаме ситуација каде што СДСМ е главниот дистрибутер под наводници на хуманитарната помош во државата и тоа е директен изборен поткуп. Значи на камери гледаме како активисти одат со кутии, како на камера се прават списоци на кого колку пари ќе му се дадат волку илјади денари, онолку илјади денари итн, рече синоќа Ѓорчев.

Тој исто така додаде дека во овој предизборен период Македонија се наоѓа во драматична ситуација и е најлоша во Европа по сите параметри во справување со коронавирусот и во ситуација кога секој ден ни се случува „Дурмо Турс“ во кој имаше 15 загинати, власта убедува дека тоа е нормално.

-Внимавајте, ние сме во ситуација каде пто дневно секој ден имаме по десет мртви по десет погреби и луѓе ни завршуваат на некролози. Најлоши сме во Европа според сите параметри, дали сакате по заразени, дали сакате по број на починати последните неколку недели. Оние починати во последните недели според бројот на жителите тоа е како да имате 300 мртви во Италија. Гледате колку е драматично значи секој ден нас ни се случува „Дурмо Турс“, а власта не убедува дека ова е нормално, додаде Ѓорчев.