Ѓорчев: Од Штип ќе започне пресвртот кој ѝ е неопходен на Македонија

Со протестите сакаме да му парираме на СДСМ, да покажеме дека Македонија е жива и секој ден да ги потсетуваме на нивните ветувања. Брдо ветувања, а една шајка не е закована еве тука кај вас на истокот во Штип, соопшти Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата “Што мисли народот” на Телевизија Стар.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал во Штип за овие избори што ќе се случат во декември и дека апсолутно е важна победата во Штип, бидејќи тој е најголемиот град во третата ИЕ и тоа е центарот на Источна Македонија.

-Пазете, ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија тука во Штип на последните парламентарни избори од пред три месеци. Се надевам и ќе работам на тоа, од тука од верниот Штип да почне оној пресврт кој што и треба на Македонија и оваа власт да оди таму кај што и е местото на темните страници на македонската историја. Штип е местото во кое ВМРО-ДПМНЕ има историја. Тоа е град на Македонската револуционерна борба, но исто така Штип е град каде што ние демонстриравме и покажавме преку дела дека знаеме да работиме. Дали сакате фабрики, автопатот кој е најголем проект до сега, Универзитетот, а во моментов имаме власт која ништо нема направено за Штип. Внимавајте ние имаме егзодус од Штип. Значи ни се случува катастрофа што сме ја немале 50 години наназад, рече Ѓорчев.

-Дека ќе има огромно присуство на полиција за време на овие избори во Штип – ќе има, дека ќе има поткуп и закани – ќе има, дециден е Ѓорчев.