Ѓорчев: Ракавицата е фрлена, Заев да не се крие зад пратеничкиот мандат

Во денешниот утрински брифинг на Слободна ТВ, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев зборуваше за темата поврзана за изборите кои треба за се случат на 12 Април и порача дека на Македонија не смее и не може да и се дозволи уште нови 3-4 години од Зоран Заев. Имено тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори и додаде:

Веќе и во воздухот се чувствува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарни избори на 12 Април 2020 година.

Имено Ѓорчев зборуваше и за предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој побара лидерите на партиите да не бидат на листата на пратеници и тој што ќе изгуби да се повлече од политиката.

Мицкоски ја фрли ракавицата и кажа ако победам ќе ја создадам и составам влада, ако изгубам ќе се повлечам од политиката. Зоран Заев е навикнат да губи избори па да наоѓа изговори, да продуцира политички кризи итн. Наша порака е после изборите Зоран Заев да не се крие зад пратеничкиот мандат. Ако е толку сигурен Заев дека му врват политиките дека како што вели тој дека „блескаме“ и дека сме сјаен пример за Европа и светот тогаш нека каже ако изгубам ќе се повлечам од политиката. Значи таа фрлена ракавица од Мицкоски мотивира самодоверба која е базирана на незадоволството, револтот на граѓаните и растечката доверба на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев порача дека време Заев апсолутно да се повлече од политиката.