Ѓорчев: СДСМ ги заштитува насилниците

„Чисто во најава да кажам дека денес имаме ново продолжение каде што Курто Дудуш спрема претепаното лице упатува навреди, закани и омаловажување со говор на омраза“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и додаде: „Имаме цела низа и цела композиција на однесување кое што е крајно загрижувачко“.

Ѓорчев смета дека СДСМ и Зоран Заев директно го заштитуваат Курто Дудуш во сите негови насилства, киднапирања, претепувања и катастрофално однесување.

Тој посочи дека во јуни минатата година имало изјава од Зоран Заев во која вели дека ако се потврди случајот со Курто Дудуш лично ќе му побарал оставка.

„Случајот со Курто Дудуш не само што се потврди туку тој и се повторува на дневна основа, а гледаме дека нема никаква реакција. Пораката е повеќе од страшна. Ќе ги кажам работите во композиција кои што се однесуваат на Курто Дудуш.

Курто Дудуш како пратеник директно пред камери кажа дека членската книшка на СДСМ е нова лична карта, нова возачка дозвола и дека со членската книшка на СДСМ ќесе добива социјална помош.

Курто Дудуш како дел од својата кампања е посредно и непосредно поврзан со претепувањето и кршењето на череп на неговиот против кандидат за време на локалните избори.

Курто Дудуш во неговата канцеларија како градоначалник на СДСМ, претепа и киднапираше лице, се га со истото лице се исмева, на истото лице му се заканува“, вели Ѓорчев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека Куто Дудуш е заштитен од Зоран Заев и СДСМ, а Оливер Спасовски го посетува во неговата канцеларија.

Според него, пораката од ова е повеќе од јасна.

„СДСМ ги заштитува насилниците. СДСМ ги заштитува оние кои што се изживуваат врз луѓето, нема никакви последици врз нив, а напротив тоа голем ризик и за претстојните парламентарни избори.

Луѓето како Курто Дудуш и Зоран Заев треба да си заминат. И двајцата треба да си поднесат оставка и Македонија треба да биде нормална земја. Ова не се случува и не е нормално да биде редовна состојба и несанкционирана во било кое демократско општество“, порача Ѓорчев.