Ѓорчев: Србија успешно вакцинира 30.000 луѓе дневно, а Заев моли за хуманитарна помош и милостина

Со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија, рече на денешната прес-конференција секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев

„Истовремено би сакал да упатам и да имам еден коментар кој што се донесува на денешното примопредавање на вакцините на граничниот премин Табановце. А, тоа е следниот:

Со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија.

Србија дневно, секој ден вакцинира 30.000 луѓе. Вчера во Врање, само во Врање се вакцинирани една илјада луѓе во еден ден. А, досега на ниво на Врање имаме околу 8.000 вакцинирани.

Така што, тоа зборува за размерите на фијаското кое што ни се случува, а само пред 7-8 години Србија беше земјата која што учеше инвестиции, и економија од Македонија.

Македонија целосно потфрли. Македонија има најмалку вакцинирани на светот, а има најмногу починати од корона вирусот. Никој нема повеќе мртви, никој нема повеќе погреби и починати од Македонија. Станува збор за дебакл и фијаско на власта, дециден беше Ѓорчев.