Ѓорчев: Ставот на Димитров подразбираше мое исклучување од брифирање и запознавање со ставовите

Марјан Ѓорчев, поранешен амбсадор на Република Македонија во Бугарија во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за неговоите односи со Никола Димитров додека беше на позиција министер за надворешни работи, каде посочи дека од страна на Димитров тој бил исклучен од брифирање и запознавање на ставовите.

-Во делот на стратегиските одлуки амбасадата од две причини мислам дека на некој начин беше ставена настрана. Прво заради што за одредени прашања вклучувањето во амбсадата директно во технички рунди може да значи и при такви неуспешни преговори позицијата на амбасадата да биде загрозена во таа земја.Втората позиција е секоја актуелна власт која доаѓа на позиции си гради еден посебен начин на градење на тие односи кон амбасадорите и веројатно министерот Димитров имал некако став кој што подразбираше на некој начин мое исклучување од брифирање или викање во Скопје и запознавање со ставовите како што тоа го прават бугарите со нивниот амбасадор Агелов тука што е сосема нормално, но тоа е веќе став на луѓето кои го водат министерството – рече Ѓорчев.