Ѓорчев во Лондон: Одлична соработка на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ е во официјална посета на Лондон, соопштија о дпартијата, при што таму остварил средба со Карлота Реди, директор за меѓународни односи на Конзервативната партија на Велика Британија.

Како што се наведува во партиското соопштение, Ѓорчев разговарал за односите и соработката на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија, како сестрински партии кои долги години заеднички соработуваат во рамките ИДУ, како глобална платформа на десниот центар.

Како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорчев ја информирал соговорничката за актуелните состојби во Македонија, со особен акцент на владините скандали, загубената доверба на граѓаните во институциите, притисоците врз медиумите и политичкиот прогон.

„ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија ќе ја интензивираат соработката и во тој дел ќе биде засилена комуникацијата со Вестминстерската фондација за демократија (ВФД). Заеднички беше констатирано дека одличните билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, како пријателски земји и сојузници во НАТО ќе продолжат“, истакнуваатод ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека соработката и партнерството со сестринските партии од десниот центар е приоритет во надворешната политика на партијата.