Ѓорчев: Заев нека си ја спрема оставката

Поразивме режим со фингер принт, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев нека си ја спрема оставката. Да не гледаме патетики пред Централниот одбор на СДСМ каде што тој поднесува оставка па не му ја прифаќаат, сапуници кои што ги гледавме со Венко Филипче, народот ја испорача сметката и народот кажа дека Зоран Заев треба да си замине, додаде Ѓорчев.