Јорданчо Давитков ќе го води романскиот тим Таргу

Јорданчо Давитков ќе го води романскиот тим Таргу, откако денеска потпиша договор со овој тим. Екс селекторот по еден месец повторно најде ангажман во странство. Последен ангажман му беше косовскиот тим Пеќ.

Меѓутоа по неисполнетите услови од страна на косовскиот тим, се реши да го напушти.

Соработката е до крајот на сезоната, со можност да биде продолжена.

Таргу во моментов има само четири победи во романскиот шампионат од 17 кола.