Јорданов: Пуштена е во употреба сензорната соба со реквизити и стимулативни алатки во основното училиште Димитар Влахов

Денес беше пуштена во употреба целосно опремена сензорна соба со реквизити и стимулативни алатки во основното училиште Димитар Влахов. Оваа соба пред се е наменета за децата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава во самото училиште, а истата ќе може да се користи и од страна на децата со типичен развој при работа во групи.

Оваа сензорна соба е отворена со кофинансирање од Општина Штип преку Фондацијата “Чекор по Чекор” која го спроведува проектот “ Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”.

Овој проект нека биде пример за целосно вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и подобрување на инклузивноста во образовниот процес во град Штип, објави на социјалната мрежа на Фејсбук штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.