Јорданов: Создаваме нова иднина за Штип, ќе воведеме електронски систем за управување и следење на своите документи од страна на граѓаните

23

Потребно е да се адаптираме на потребите, но и да ги искористиме можностите на новото време. Потребно е да бидеме слуги и сервис на граѓаните. Се обврзуваме да воведеме дигитализација, за поефикасно функционирање на општината. До 2024 година, Штип ќе прерасне во ИТ општина, достапна за сите граѓани, со цел обезбедување на ефикасни и квалитетни јавни услуги, вели Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе воведеме електронски систем за управување и следење на документи од страна на граѓаните, со кој, секој може да го следи документот испратен во општинската архива и секој ќе има увид за својот документ, до која фаза и кај кој вработен се наоѓа.

Предвидуваме, електронско поврзување на сите јавни институции, со цел издавање на документи од истиот и дистрибуција до странките во предвидените законски рокови.

Мотивацијата и визијата, се добра основа за со работа, а со посветеност јас сум убеден дека ќе направиме нашиот град Штип да биде број еден општина во Република Македонија, додава Јорданов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.