10.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Јорданов за Штип: Адреналински парк со реквизити за спортско качување, картинг, скејт и ролери

Пешачката патека во Штип, онаа која го подобри животот на сите нас и која секојдневно позитивно влијае на нашето здравје, конечно инфраструктурно ќе се подобри, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градот Штип.

-Со нашата програма гарантираме, изградба на паралелна – велосипедска патека покрај постоечката пешачка, со што ќе ја осигуриме безбедноста на рекреативците. Ќе ја доградиме и продолжиме веќе постоечката пешачка патека, до населбата Караорман и Чардаклија. Покрај самата патека, ќе дополниме со урбани, спортски и детски содржини, а на истата ќе изградиме и адреналински парк, вели Јорданов.

Тој додава дека сите љубители на спортското качување, картинг, скејт, ролери, ќе добијат уредени површини, каде ќе уживаат на својот омилен начин.

-Нашиот град за четири години го гледам со насмеани и среќни граѓани, затоа што само таква ја прифаќам новата иднина за Штип, потенцира Јорданов.