Орден на телохранителот на Хитлер продаден за рекордни 36.500 фунти

Улрих Граф, десно од центарот, заедно со Фирерот на настан во знак на одбележување на Минхенскиот пуч, 15 години подоцна, во 1938 година

Станува збор за орден доделен на Улрих Граф кој се „фрлил на Хителр“ во текот на неуспешниот нацистички воен пуч во 1923 година. Сребрениот орден од едната страна го има нацистичкиот орел, а продаден е во петокот во Дербишир.

Од аукциската куќа Hansons Auctioneers, која го организирала наддавањето на воени предмети, првично очекувале орденот на биде продаден по цена меѓу 3.500 и 4.000 фунти и додадаваат дека постигнал „рекордна цена“ за орден од овој тип.

Граф бил еден од првите припадници на националсоцијалистичката партија, а поради нацистичкото минато, неговото семејство во 1950-те години ги продало сите работи кои му припаѓале.

Во текот на неуспешниот Минхенски преврат од 1923 година дошло до пресметка меѓу припадниците на нацистичката партија и полицијата, при што биле убиени 16 нацисти.

Експертот на аукциската куќа за предменти од воен домен, Адријан Стивенсон, за BBC ја раскажува историјата на орденот.

„Нацистите тргнале кон споменикот подигнат во чест на баварските војници, но таму наишле на полициски кордон. Полицијата веднаш отворила оган. Граф прво примил куршум во рамото, а потоа се фрлил пред Хителр. Притоа е погоден уште пет пати“, вели Стивенсон.

Додава дека орденот го купил британски лекар кој поседува „голем збирка ордени од периодот на Третиот Рајх“.

Стивенсон појаснува и дека некои земји, како на пример Франција, забраниле продажба на предмети кои ги симболизираат Третиот Рајх, но дека тоа во ниеден случај „не им оди во прилог на нацистичките жртви“. Смета дека тоа е „како сѐ да туркате под тепихот“.