Љоренте е нов играч на Наполи

Иако беше пред потпис со англискиот гигант Манчестер Јунајтед, искусниот шпански голгетер, Фернандо Љоренте, не се договори со клубот од „Олд Трафорд“ и реши да се врати во Италија.

Откако не го продолжи договорот со Тотенхем, Љоренте како слободен агент без обештетување можеше да потпише во кој клуб ќе посака, а на крај се реши да ја прифати понудата на Наполи и во иднина ќе биде соиграч на нашиот репрезентативец Ељиф Елмас.

Овој премин беше официјализиран утрово, откако наполитанскиот клуб му посака добредојде на Љоренте на социјалните мрежи. По две одиграни кола во новата сезона на Серија А, Наполи една победа и еден пораз и ја зазема десеттата позиција на табелата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.