Организација на потрошувачи: Граѓаните имаат право да си ги добијат парите назад, наместо ваучер за одмор

130 јавувања во организацијата за потрошувачи месечно од стартот на епидемијата  од страна на граѓани кои барале совети и помош како да си ги земат парите назад за патувањата , кои ги уплатиле во декември и во јануари.

Од организацијата велат дека во ваква ситуација не може туристичките агенции да даваат ваучери за одложено патување. Голем дел од граѓаните останале без работа или со скратени плати и треба да се почитува нивното право на враќање на уплатените пари. Нелогично според Велков од организацијата за потрошувачи е да се нудат патувања на пример на средношколци кои завршуваат средно образование да патуваат наредната година, бидејќи тие ќе бидат на факултет и ќе имаат обврски со предавања и полагање на испити.

Од организацијата велат дека треба да се направи посебен фонд каде ќе може да се види кој сака ваучер, а кој да си ги поврати парите.