Организаторот на протестите во Тетово беше уапсен додека давал интервју за ТВ „Клан Косово“

Осумдневен притвор му е определен на Блерим Ахмеди од Тетово, откако во петокот беше уапсен додека даваше интервју за косовската телевизија Клан Косово.

Додека го даваше интервјуто, интервенирала македонската полиција и беше уапсен како организатор на протестот кој што се случи истиот ден претходно во Тетово, на кој се бараше правда и одговорност за жртвите кои што настрадаа во пожарот во тетовската модуларна болница.

Неговиот адвокат информираше дека тој се товари според членот 384 од КЗ од кој се предвидува од 1 до 5 години затвор.

Инаку, за истиот настан околу протестите во Тетово на кој дојде и до судир со полицијата, уапсени се вкупно 5 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.