Организиран чартер лет: Варадрци слетуваат во 16.15 часот

Наместо како што беше претходно најавено, односно во пет минути до полноќ, експедицијата на ракометарите на Вардар ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје во 16.15 часот.

Промената доаѓа откако е организиран чартер лет за новите европски шампиони.

Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“.

Поздравете ги европските шампиони!