Ѓоргиевски: Заев не може да го преџвака фактот што некои важни фактори бараат тој да не биде премиер

1200

СДСМ пишманска трети ден во јавноста пуштаат соопштение дека имаат мнозинство, трет ден само што не ги спремиле звучниците на најјако со песната ,,Зоки Зоране, Струмица е со тебе, дар од Бога за земја своја” веројатно со точно пресметан периметар звукот да допатува и до маалата во Струмица како благодарност на Вице и оддавање признание на бандитскиот факт дека тоа што не може со пари, може со многу пари. Вака реагира Орџе Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштенијата од СДСМ во кои повторуваат дека работат на формирање на влада и дека имаат стабилно мнозинство.

„Слушам, сменета е и водата за нова забава во викендицата на Заеви во Грчка.
Арно ама, повторно рикверц. Немало договор.
Нема договор – нема власт.
Три саати им траеше последното соопштение на СДСМ дека има договор, велат приближно кусо на времето потребно Заев да ги менува ставовите за најважните прашања. СДСМ се пишмани, нема договор.
Некои велат дека Заев не може да го преџвака фактот што некои важни фактори бараат тој да не биде премиер затоа што веќе е прочитана книга, а и од бандит водач не бидува.
Човекот се препотува не толку затоа што и нему му е јасно дека е крај, туку затоа што и неговите од внатре му велат дека е готово.

Се читаме, до наредното соопштение на СДСМ пишманска!“, порача Ѓорѓиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.