По остварената средба со министерот за земјоделство кочанските оризопроизводители ги ставаат протестите во мирување до петок
За кога е закажана заедничка средба на оризопроизводителите и откупувачите околу ниските откупни цени годинава наспроти порастот на цената на оризот на светските берзи. До тогаш министерството треба да добие одговор и дали е можна брза исплата на субвенциите за овие земјоделци за да можат да имаат средства за да исплата дел од долговите по земјоделските аптеки.
Едно од клучните барања беше и исплата на дополнителни 5 денари за субвенција кое им е отфрлено со образложение дека нема доволно пари во буџетот но затоа тие предлагаат предвидените 12 илјади денари за оние земјоделци кои ќе користат семенски материјал да се спојат со постојните бидејќи и онака нема како да се набави семенски материјал за сеидба на оризот.
Доколку не се најде решение откупната цена на оризовата арпа да не биде под 25 денари, да добијат реална поддршка за зелена нафта и субвенции од 30 илјади од хектар кочанските оризо производители најавуваат уште помасовни и порадикални протести