Орка Холдинг демантира дека е сопственик на земјиштето кај „Мајчин дом“

Овие денови граѓаните на град Скопје и општина Аеродром се револтирани поради отпочнувањето на градење на висококатница на зелената површина пред Мајчин Дом во Општина Аеродром. Во пресрет на денешниот најавен протест со цел да се спречи градењето на оваа висококатница, ние како компанија чувствуваме должност да ги разјасниме шпекалуциите кои веќе подолг период постојат во јавноста околу сопственоста на земјиштето каде што е веќе започната изградба.

Најодговорно тврдиме дека споменатото земјиште не е, ниту некогаш било во сопственост на Орка Холдинг. Граѓаните беа сведоци на лажните изјави на тогашниот кандидат, а сега градоначалник на општина Аеродром Златко Марин во врска со наводната сопственост со споменатото земјиште. По наше предупредување со тужба за клевета сегашниот градоначалник јавно се извини за дадената лажна изјава.

Со оглед на фактот дека Орка Холдинг е компанија која своето работење го темели на силни вредности како грижа кон општеството и заедницата чувствуваме потреба и одговорност кон граѓаните уште еднаш јавно да го расветлиме овој случај.