„Орка Холдинг“ демантира полициска акција во фирмата „Монт“

Двајца инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршиле контрола и ја добиле целата неоподна документација и кои потврдиле дека нема спорни моменти во работењето на компанијата, се наведува во реакцијата на „Орка Холдинг“, по објавата за упад во фирмите „Монт“ која е дел од холдингот на бизнисменот Јордан Камчев, кој инаку во петокот треба да се појави во својоство на сведок и оштетен во случајот „Рекет“.

 

Најостро и со целосна одговорност ги демантираме денешните сенационалистички и неточни информации за полициска акција во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Јордан Камчев.

„Не станува збор за полициска акција, туку за контрола од стана на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата. Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија“, се наведува во демантот на „Орка Холдинг“.

Се додава дека биле изнесени „сензационалистички и невистинити информации без притоа некој да се погрижи да ја побара за став фирмата за која пишува“, и притоа се оценува дека „ваквата непрофесионалност и едностраност е против интересите на коректно и правилно информирање на јавноста, а извршува директна штета врз угледот на приватните компании“.

Од „Орка Холдинг“, исто така, негораат дека компаниите во состав на групацијата имале какво и да е учество во предизборната кампата за изборите за шеф на државата на опозициската кандидатка, професорката Гордана Сиљновска Давчева.

„Сакаме уште еднаш да демантираме дека ниту компанијата Монт, ниту Орка Холдинг на било каков начин имаат учествувано во предизборната кампања на г-ѓа Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на Polyesterday, компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено Опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Polyesterday по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото“, се истакнува во дописот до медиумите.

Од „Орка Холдинг“ притоа оценуваат дека пласирањето на информациите во јавноста на овој начин претставува „пример за класична инсинуација, нешто со кое се прават обиди во јавноста да се наруши угледот и името на нашите брендови“.