Орнела Мути сака да добие руско државјанство

Фасцинатната италијанска филмска дива Орнела Мути изјави за новинарите дека има руски корени и призна дека би сакала да добие руско државјанство.

Првпат медиумите пишуваа дека артистката сака да добие руско државјанство во 2016 година. Тогаш нејзиниот агент објави дека актерката не поднела никакво барање за државјанство. Подоцна истата година беше објавено дека Мути купила апартман во Москва.

Орнела Мути на руски јазик ќе го толкува ликот на царицата Ана Ивановна во историскиот спектакл „Кристалниот дворец“ чијашто премиера е закажана за 10-ти сепември во Кремлевскиот дворец, во Кремљ. Претходно руските и италијански медиуми пишуваа дека Мути ќе поднесе барање за руско државјанство, но десега тоа не се случи.

„Ја сум резидент на Русија, имам престој во Москва. Немам државјанство, но доаѓам тука колку што е можно почесто. Би сакала да имам руско државјанство“, изјавила Мути.

Според актерката, нејзините баба и дедо родум се од Санкт Петербург, и поради тоа да долго време копнеела да научи повеќе за руските традиции.

„Мојот дедо бил еден од лекарите на рускиот цар. Бабата била пијанистка, во нашето семејство имаме и певица. Можно е да сме толку уметнички настроени благодарејќи на руските корени“, додала актерката.

Истакнала дека она што се пласира во италијанските медиуми за Русија е сосема поинаку од она што го гледа со своите очи, но и оти не ја интересира политиката.

Покрај тоа, Мути рекла дека потполно ја разбира и сфаќа Русија како земја, благодарна е на оваа земја и секогаш ги советува оние коишто се сомневаат, задолжително да ја посетат.

„Денеска првпат имав вежби, ведов како другите артисти работат со мене. Беше неверојатно. За мене претставува голема чест да бидам дел од овој голем проект. Сретнав многу талентирани луѓе, кои денес работата со мене, многу ми помагаат и ме поддржуваат. Многу сум им благодарна што ми овозможија да се убедам дека можам да влезам во улогата на царицата“, рекла Мути во врска со подготовките за ликот што ќе го толкува на руски јазик.

„За мене ова е како сон, особено рускиот јазик. Многу се надевам дека ќе успеам. За жал, имам помали потешкотии со рускиот јазил“, истакнала Мути.

Франческа Романа Ривели, кое е вистинскот име на актерката, е Естонка по мајка, а првпат се појави на големиот екран во 1969 година на 14-годишна возраст во филмот „Најубавата жена“(La moglie piu bella), прикажан една година подоцна, во режија на Дамиано Дамиани. Нејзиниот артистички опус го сочинуваат повеќе од сто филмски и телевизиски улоги, снимани со значајни италијански режисери како Дино Ризи, Франческо Рози, Марио Моничело, а едно време настапуваше и со славниот сестран артист Адријано Челентано.