Осмaни: Веќе сме на граница на анархија во ДУИ

ДУИ е позната по својата внатрешна демократија, секој има право на свои идеи, но се додека не се премине границата на анархија. Имам чувство дека веќе сме на таа граница, вели Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ, прашан за коментар за можноста „Огнените” да формираат своја пратеничка група во Парламентот.

– Секој има право да си постапува како што е убеден. ДУИ е позната и препознаена по внатрешната демократија, по можноста различни луѓе да претстават различни идеи коишто се разликуваат од мнозинството. Но, тоа е сè додека не се премине една граница на анархија. Тогаш секоја организација си презема мерки за да си го зачува функционирањето. Имам чувство дека веќе сме на таа граница иако таа култура во ДУИ секој да го искаже ставот и јавно, дури и да е различен од мнозинскиот, ќе ја охрабриме, но одлучувањето ќе остане со мнозинско одлучување, а ставови ќе може секој да каже каде сака, што сака. Но, ќе мора да ги почитуваaт одлуките на мнозинството во организацијата. Така функционира секоја организација, така ќе функционира и ДУИ – рече Османи по посетата на полицискиот центар во Ѓорче Петров.

Прашан како ќе реагираат во таков случај, Османи рече дека тоа ќе биде во согласност со статутот на партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.