Осасуна му подари бод на Реал (М)

Само еден бод, на незгодното гостување во Осасуна, освои вториот фаворит за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, тимот на Реал (М).
Домашинот имаше предност од два гола во финишот од првото полувреме, а поголемиот дел од второто полувреме го одигра со играч повеќе, откако во 44 минута, втор жолт картон заработи централниот дефанзивец на “кралскиот клуб”, Серхио Рамос.