Оштетена зградата на Амбасадата на Бугарија во експлозија што се случи утрово во Подгорица

95

Во експлозијата во паб во центарот на Подгорица, што се случи утрово околу четири часот, оштетена е и зградата на бугарската Амбасада.

Кабинетот на бугарскиот конзул има скршени прозорци и една врата, поради што полицијата, заедно со вработените од дипломатската мисија, спроведоа увид, јавија црногорски медиуми.

„Конзулатот ќе ја санира штетата без понатамошна истрага“, соопшти полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.