Оштетени штедачи на Еуростандард банка бараат државата да им ги исплати заштедите во целост

Штедачи од Еуростандард банка кои имале над 30.000 евра во банката бараат државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса. „Лопови“, „Нема правда нема мир“, „Вратете ги парите“, „Која е следна банка?“, се паролите кои ги носат на протестот што се одржува пред  Собранието.

Тие бараат политичките парии со кои претходно комуницирале да го исполнат ветувањето и да донесат закон за нивно обесштетување.

Еуростандард банка е затворена на 12 август кога е покренат и стечај.

Преку Фондот за осигурување на депозити штедачите се обештетени до законската сума од 30.000 евра, додека 780 штедачи со поголеми заштеди , според законот, ќе треба да ги добијат парите од  стечајната маса.

Револтираните штедачи велат дека нема да престанат да протестираат и ако треба нема да се тргнат од пред Собранието се додека не им се одговори од барањето.