Оштетени скоро 9.000 објекти од земјотресот во Хрватска

Во земјотресот во Хрватска се оштетени 8.928 згради, изјави жупанот Иво Шиниќ по координативната сесија на Главниот штаб на округот во Сисак.

Од 8.928 објекти во кои е пријавена штета, 20% се целосно срушени или сериозно оштетени и повеќе не можат да се користат, за 24% од објектите ќе биде потребен дополнителен статички преглед, а 54% од објектите може да се користат и покрај штетата.

-Бројот на оштетени згради сигурно ќе биде поголем, бидејќи извештаите сè уште не се готови, рече Шиниќ.